Celebrity

Нов фотошоп блам на сестрите Кардашијан: Повторно претераа!

Целото семејство отпатува на приватен остров, каде го прослави 40-от роденден на Ким Кардашијан, а на една од фотографиите што Клои ја објави, недостасува Кајли Џенер.

„Размислував да ја фотошопирам Кајли на оваа фотографија“, напиша Клои. Сепак, фактот дека не ја фотошопираше и не ја „нацрта“ Кајли, не значи дека не си поиграла со остатокот од семејството.

Ако не ја погледнете внимателно фотографијата, нема да ја забележите Кендал и нејзиното рамо. Но, ако зумирате… ќе видите дека нејзините прерамки се целосно искинати – и сето тоа поради лош Фотошоп.

Останува нејасно што сакаше Клои да поправи тука. Добро, очигледно повторно го фотошопираше своето лице до непрепознатливост, но дали Кендал остана без прерамки поради косата на Кортни или нешто друго е во прашање, останува мистерија.

Напиши коментар