За време на првиот карантин оваа година, многумина се забавуваа на различни начини. И додека едни гледаа серии и филмови, други читаа книги, трети беа иновативни. Така, четирите сестри Швадерлап од Германија смислиле друштвена игра која ја нарекоа Корона, а досега ја купиле илјадници луѓе.
Короната може да ја играат најмногу до четири играчи, а натпреварот е во тоа кој ќе ги купи сите намирници од списокот за постарите соседи, со цел да ги заштити од можна инфекција.
Играчите собираат и разменуваат карти, а победник е оној кој прв ќе ги достави сите намирници. Пречки на патот вклучуваат вирусни инфекции, за кои е потребно да бидете во карантин или да останете без храната што ја имате на вашата листа.
„Основниот принцип на оваа игра е солидарноста“, рече 20-годишната Сара, која живее со своите сестри во семејна куќа во западниот град Вајзбаден.
Секој играч може да одлучи дали ќе соработува со другите играчи или ќе им ја отежни ситуацијата блокирајќи им го патот со пречки.
Како добиваа се повеќе информации за вирусот преку медиумите, тие постепено ја развиваа играта, така што сега можете да одржите и концерт на балконот, како што направија жителите на Италија за време на карантинот.
Импресиониран од идеите на неговата ќерка, таткото Бенедикт Швадерлап решил да ја комерцијализира играта и ангажирал уметник да ги дизајнира картите, таблата и кутијата. Досега се продадени 2.000 примероци од играта.