Четвртата сезона на популарната и многу пофалена серија на Netflix „The Crown“ треба да се појави на оваа стриминг платформа на 15 ноември, а серијата што ги следи интригите на британското кралско семејство низ историјата, полека се приближува до 21 век, па време е за непрежалената принцеза Дајана.
За многумина, тоа е делот од серијата што најмногу се чекаше, а неколкуте промотивни фотографии објавени од Netflix, ја скокоткаа фантазијата на обожавателите, кои изгледаат прилично задоволни од она што досега можеа да го видат.
Принцезата Дајана во серијата ја игра младата британска актерка Ема Корин, за која по сите потребни подготовки и прилагодување на ликот и времето, заклучија дека неверојатно личи на Дајана. Претежно во сцената со кралската венчавка.
„Тогаш излегов од соблекувалната во венчаница, и сите замолкнаа. Повеќе од се што носам во серијата, овој фустан е токму како принцезата Дијана. Знам дека е чудно и лигаво, но се чувствувам како да ја познавам “ – изјави Корин.