Celebrity

Новата серија на Netflix ги сруши сите рекорди – Морате да ја погледнете што е можно побрзо!

Ова е една од сериите на која е тешко да и се најде маана. Додека да трепнеме, таа го освои светот, а освен сите што ја гледаат, ентузијазмот не застанува. Собира само позитивни критики и не се трга од првите 10те најгледани работи на Netflix. Од моментот кога се појави, не престанува да се зборува за неа. Серијата ‘The Queen’s Gambit’ е најголемиот успех оваа година, кога станува збор за серии. Ги сруши рекордите на рејтингот последниот месец без да запре. Иако, не е тип на серија што може да им се допадне на сите, дури и ако тоа не е ваш стил, бидете подготвени да бидете маѓепсани. Станува збор за кратка ограничена серија од само 7 епизоди што ја следи девојката Бет Хармон и нејзиниот молскавичен успех на светската шаховска сцена во 1950-тите.

За 28 дена, колку што беше на Netflix, ја прегледале 62 милиони корисници и со тоа стана најгледаната кратка серија досега. За тој краток временски период, се најде на Топ 10 листата во 91 земја и беше на првото место во 63 земји. Серијата се базира на книга објавена пред 37 години, а успехот на серијата сега ја врати на светските топ листи. Одеднаш, пребарувањето на Google за терминот „како да се игра шах“ скокна. Дури и Rotten Tomatoes и дадоа 100% позитивна оценка на серијата. Критичарите, исто така, се воодушевени и имаат само пофални зборови. Со оглед на тоа дека серијата се базира на книга, која нема продолженија, најверојатно е дека тоа е тоа и дека за жал, нема да има втора сезона.

Напиши коментар