Гледачи, критичари, Французи, апсолутно сите ја искритикуваа новата серија на Нетфликс „Еmily in Paris“. Беше најавена како нешто ново и забавно, се чинеше дека ќе биде одлична, а потоа кога дојде, мислењата беа обратни.
Сите ја гледаат оваа серија и поради тоа се чини дека е популарна и успешна, сè додека не погледнете што велат луѓето и критичарите за тоа. Оваа серија тешко дека е одобрена од никој. Колку стереотипи, клишеа и лоши сценарија има оваа серија е неверојатно и луѓето не можат да поверуваат. Во главната улога е симпатичната Лили Колинс, режисер на серијата е Дарен Стар, човекот кој работеше и на популарната „Сексот и градот“. Серијата ја следи Емили, Американка која добива шанса за живот – работа во позната маркетинг фирма во Париз. Секако дека таа ја прифаќа, се сели таму и тука започнува нејзината авантура – наоѓање пријатели, запознавање на градот и културата и секако љубовните проблеми.
И сето тоа е одлично, освен начинот на кој се прикажани Парижаните во серијата и купиштата други стереотипи и клишеа со кои е наполнета серијата, што е дури болна и непријатна за гледање.
Критичарите пишуваат дека серијата имала потенцијал да биде одлична, само да не направила карикатура на Французите. „Французите се опишани како арогантни, ужасни, мрзливи, злобни, горчливи … но за среќа оваа млада Американка дојде да ни објасни како работи животот. Се прашувам зошто француските актери воопшто се согласија да глумат во оваа серија“, е само еден од коментарите. И други одат во таа насока: „Срамота на серијата, целосно погрешно прикажување на Париз. Смешно е, и глумата е лоша. Како Париз да е само мода, романса и кроасани. Не“