After Midnight

Од која женска особина момчињата се најмногу исплашени?

Не е тајна дека многу мoмчиња не знаат како да се справат со одредени женски карактеристики, а едно истражување сега потврди eден голем стереотип, поврзан токму со ова прашање.

Колку пати во животот сте ја чуле изјавата дека момчињата се плашат од паметни девојки? Една студија, спроведена на Универзитет во Варшава, предводена од Адам Карбовски, го потврди овој стереотип.

Карбовски и неговиот тим анализираа експеримент во кој 500 испитаници од Универзитетот Колумбија учествувале во таканаречените „брзи состаноци“. После секој состанок, учесниците требало да го проценат физичкиот изглед и интелигенцијата на лицето со кое разговарале и конечно да напишат дали повторно ќе излезат на состанок.

Анализата на експериментот утврди дека машките испитаници повеќе би сакале да отидат на втор состанок со девојката која им е физички привлечна, отколку со онаа што ја оцениле како многу интелигентна.

Од друга страна, женските испитаници подеднакво го ценат изгледот и интелигенцијата, но би излегле на втор состанок со момче за кое сметаат дека е интелигентно, а притоа не му дале висока оценка во однос на изгледот. На прашањето зошто момчињата всушност се плашат од паметни девојки, експертите нудат едноставен одговор – поради споредувањето на сопствената интелигенција со онаа на девојката и затоа што тогаш се чувствуваат несигурни:

„Мажите помалку ги привлекуваат девојки кои се подобри од нив, а ова е резултат на моменталната промена во нивната перцепција за себе . Тие се чувствуваат помалку силни кога девојката ќе ги надмудри“.

Напиши коментар