After Midnight

Од љубов (не) се живее

Љубовта е единственото гориво што работи во нашиот мотор на вистински начин. За разлика од другите мотори, ние го носиме своето горивото во себе и никој не треба да ни го дава однадвор. Ајде да му ги отвориме нашите канали и да му дозволиме да нè води.

Често пати слушав: „Од љубов не се живее?“ Бидејќи Универзумот не реагира на не, решив да го игнорирам и тргнав по мојот пат. Ми немаше смисла на почетокот таа реченица, дека од љубов не се живее.

Ви се обраќам вам, кои сакате да го знаете ова. Вам кои сте живо суштество, женско или машко и слушате, верувате, знаете и сакате.

Љубов и само љубов е единственото нешто од кое се живее. Да размислиме заедно што произлегува од љубовта? Она што моментално ми паѓа на ум е: убавина, љубезност, добрина, здравје, духовитост, надареност, искреност, нежност, љубопитност, среќа, радост, мир, дисциплина, слушање, разбирање, искреност, грижа, слобода, одговорност, постојаност, доверба, трпеливост, одлучност, спонтаност, релаксација, сила, медитација, фокус, упорност итн.

Значи, љубовта е единственото гориво што работи во нашиот мотор на вистински начин. Исто како што секој мотор се напојува со погон / гориво, а со цел да се движи и да трае лесно, неопходен е правилен погон, така и ние имаме свое гориво за да можеме да живееме.

Бидејќи живееме во свет на дуалност, материјализација, знаеме дека „секоја паричка има две страни“. Паричката, која има страна наречена Љубов има и друга страна, која се вика Страв. Ако ве интересира што сè доаѓа од стравот, додадете спротивности на сè што заклучивме дека доаѓа од Љубовта.

Стравот корумпира, попречува, блокира, не ни дозволува да се движиме и честопати нè спречува. Затоа, единственото нешто што ми има смисла е да го запреме и да му дадеме пристап на горивото што ни треба за да бидеме добри, прво со самите себе, а потоа и со другите.

Љубовта е единственото нешто што треба да и го дадеме на нашата душа за да не води таму каде што треба да одиме, со брзина со којашто треба да се движиме.

Напиши коментар