Free zone

Од моден погодок до модна катастрофа ве делат само неколку чекори – Бидете внимателни со овие детали!

Добар моден детал е „зачинот“ на секоја облека. И нешто што прави да изгледате уште подобро. Тие можат да направат да изгледате постаро отколку што сте. А, тоа е нешто што сигурно не би го посакале. За да избегнете вакви ситуации, треба да ги избегнувате следниве опции:

Комплети

Совршено спарените обетки и ѓердани потсетуваат на матурска вечер. Сепак, одредени комбинации на накит може да изгледаат безлично и досадно. Комбинацијата од различни метали е многу посовремена варијанта, а денес се мешаат дури и среброто и златото.

Погрешни метали

Иако комбинацијата од златен и сребрен накит добро функционира заедно, секогаш треба да ја прилагодите на вашата кожа. Ако вашиот тип на кожа е „топол“, сребрениот накит ќе изгледа бледо, а со тоа и постаро. Истото важи и за златниот накит на ладни типови кожа.

Брошеви

Ако сè уште имате стари брошеви што ги носела вашата баба, тоа не значи дека треба да ги фрлите. Но, она што треба да направите е да внимавате како ги носите. Не ставајте ги, како што правела вашите баби, на реверот на вашето омилено палти, туку користете го како замена за копче. На овој начин, ќе и дадете елегантен изглед на вашата облека.

Очила

Погрешните очила можат да предизвикаат голема штета. Меѓу другото, ќе изгледате постаро. И затоа, немојте да носите обични очила за читање, туку инвестирајте малку повеќе пари во нив. Изберете ги оние кои совршено одговараат на формата на вашето лице и не жалете за парите.

Напиши коментар