After Midnight

Од онлајн флерт до прв дејт: Како да преземете иницијатива?

Љубовните состаноци преку Интернет и флертувањето ги направија работите многу полесни за нас девојчињата, така што денес, можеме скоро подеднакво да носиме одлуки за тоа со кого сакаме да започнеме флерт, лежерен разговор, но и јасно и отворено да му дадеме некому до знаење дека сме заинтересирани.

За да го претворите односот од обичен флерт во сериозна врска, која е плод од заеднички интерес, мора да бидете јасни пред себе, а потоа отворено да ги изнесете вашите желби и планови и да го известите вашиот потенцијален партнер за тоа.

Кога конечно ќе се случи тој прв состанок, обрнете внимание на нивото на разговор што го водите. Дали тој презема иницијатива и колку заеднички теми успевате да најдете? Важно е првиот состанок да го започнете во позитивна атмосфера и двајцата да ја покажете својата разноврсност и смисла за хумор. Ако ви се допаѓа начинот на кој зборувавте на првиот состанок, шансите се големи вашата врска да прерасне во нешто повеќе.

Откако ќе ја преземете иницијативата и ќе го предложите првиот состанок, следете го старото правило и држете се на дистанца. Дајте му време да ве повика и да покаже дека е заинтересиран, ако тоа не се случи, секогаш можете да одите понатаму и да запознавате нови, интересни луѓе. Ако тоа навистина се случи, тоа значи дека и вие сте му оставиле одличен впечаток и дека на следниот состанок би можеле да разговарате за насоката во која може да се развива вашата врска.

Ако забележите дека по првиот состанок пораките се поретки и со помала доза на флерт, тоа значи дека полека влегувате во зоната на пријатели, а тоа сигурно не го сакате, па подобро би било да му го кажете тоа.

Од друга страна, ако започнете редовно да се гледате и да започнете врска, обидете се да го запознаете што е можно подобро на самиот почеток, со цел да заклучите колку можете да му верувате и дали е личноста на која можете да се потпрете во секое време. . Важно е да започнете отворено да зборувате за секој чекор на почетокот, за да знаете и двајцата како се чувствувате за односот во кој расте вашата врска. Ако забележите дека и двајцата започнавте заљубено да се смешкате на почетокот, веројатно сте на почетокот на една многу убава приказна, која може да има среќен крај.

Напиши коментар