Благодарение на социјалните мрежи и креативните и генијални луѓе, секојдневно сме сведоци на корисни трикови, кои можат да ни го олеснат животот или барем да направат нешто да изгледа подобро и поразлично.
Ранците неодамна се вратија во мода, па честопати можеме да видиме девојки кои носат шик ранец на грбот, наместо чанти. Меѓутоа, ако во моментот немате ранец, а сакате малку да го промените начинот на носење на чантата, постои интересно решение. Ако имате чанта со подолг ремен, можете да ја носите исто како ранец, на грб!
Не ставајте ја преку рамото, туку ременот ставете го околу вратот, а потоа повлечете ги двете раце низ ременот од чантата.
Последниот чекор е да ја преместите чантата над главата, така што таа да стои на грб.
За да ви помогнеме да добиете идеја како треба да изгледа ова, погледнете го видеото: