Псст, бидете тивки, затоа што пред вас се места на кои дури и еден збор е излишен.
Мир и спокојство во едно, граничи со човечкиот дух што лебди некаде во воздухот. Каде и да има луѓе, има бучава и вознемиреност, но не и на овие места.
Се чини дека имаат некоја чудна моќ над сите што ги посетуваат и им ги одземаат зборови што прават непотребен шум.
Еден фотограф по име Pascal Mannaerts бил на мисионерска задача. Десет години, тој патувал низ планетата надолж и попреку и ја открил нејзината убавина на малку поинаков начин. Тој ја барал на оние оддалечени места, и најде многу повеќе од неа.
Наиде на необична тишина, која му го одзеде здивот.
На такви места, можно е да се слушне чукањето на срцето на земјата и јасно да се види нејзината големина, сила и дух.
Собирајќи непроценливи богатства во форма на фотографии направени ширум светот, кои индивидуално покажуваат мир, спокојство и тишина, овој уметник му дал инспирација на човештвото во овие тешки времиња во кои живееме.
Да се фати со леќата на камерата еден момент толку тивок, неверојатен и уникатен, го направи погласен од целата врева на современиот свет. Бидејќи повеќето од нас живеат во големи градови, каде што често не можеме да ги слушнеме сопствените мисли, а камоли на нашиот соговорник, на таквата колекција навистина вреди да ѝ се обрне внимание.
Не ѝ е потребно разубавување за да зрачи со неверојатна сила и слобода. Секоја индивидуална слика на свој начин покажува отсуство на сè што го прекинува протокот на тишина.
Дојдете со нас на необично патување низ целиот свет.











