Free zone

Ослободете ја рокерката во себе: Заблескајте со најпопуларниот модел на сите времиња!

Ако дури и за една сезона може да се каже дека е совршена за кожни јакни, тогаш тоа е есента. А, кога станува збор за нив, и оваа година, славните „бајкерки“ и „рокерки“ се скоро неизбежни.

Некогаш биле резервирани за „жестоките момци од асфалтот“, но кратките кожни јакни одамна го најдоа своето место под сонцето, кога е модата во прашање. Совршено се вклопуваат со секој стил. И добро им прилегаат и на момчињата и на девојчињата.

Добро се вклопуваат и во елегантни комбинации, давајќи и „шмек“ и на најдосадната облека.

Штитат од ветрот, што е нивната примарна цел и лесни се за одржување. Без разлика дали избирате модели изработени од оригинална или еко кожа, бидете сигурни дека тие ќе ви служат долго време. Ако треба да ги исперете, однесете ги на хемиско чистење и премачкајте ги со производи за нега на кожа, барем еднаш годишно.

Оваа година, неколку модели се во мода. Како што знаете, моделите со големи димензии се во тренд, така што има сосема смисла да наидете на јакна која изгледа како да сте ја украле од плакарот на вашето момче или татко.

„Бајкерките“ имаат детали на ракавите и на рамениците, што им дава повеќе текстура, а сега многу модели имаат топла постава, што ги прави совршени за студените, зимски денови.

На крајот на краиштата, секогаш можете да облечете топол елек од вештачко крзно одозгора. Овој стил е особено го негуваат домашните инфлуенсерки.

Можете да се одлучите и за еден од најинтересните модели, а тоа е моделот со реси. Духот на „рокерка“ и „каубојка“ во само едно парче облека.

Или, за дополнителен сјај, изберете модели со нитни, циркони или други украси. Исто така, разликата е во самата кожа, па можете да најдете и сјајни и мат варијанти.

Овој модел на јакна можете да го комбинирате со панталони, шорцеви, здолништа и фустани. Совршено оди со високи потпетици, мартинки или патики. Сите правила што важеа порано, повеќе не важат, па се зависи од вас како ќе го комбинирате ова исклучително популарно, скоро безвременско парче со вашиот сопствен стил.

Напиши коментар