After Midnight

Останете сами додека не најдете партнер кој ги има ОВИЕ карактеристики

Понекогаш се задоволуваме со многу помалку отколку што заслужуваме. Понекогаш си велиме дека не е толку лошо, дека е во ред. Но, не е во ред … Не трошете драгоцено време на некој што не ве заслужува.

Останете сами додека не го сретнете оној …

… кој сака да го освои вашето срце

… кој не се срами од вашето друштво и сака да ве претстави пред целиот свет

… кој сака да бидете дел од неговиот живот

… кој би сторил сè за да ве види

… кој ви се јавува или ви пишува без причина, само за да ве слушне

… покрај кого сте најдобрата верзија од себе и кој ве инспирира. Со него сте позабавни, по љубезни, сочувствителни, попродуктивни

…кој сака да расте со вас

… кој ви помага да одите напред

… кој одново и одново ви кажува дека ве сака и цени без никакви проблеми

… кој ќе ве праша кое е вашето мислење, како се чувствувате, кој сака да знае што се случува со вас…

… оној со кој напорните обврски стануваат лесни и забавни

… со кого се чувствувате безбедно

…кој ви ги доверува своите најголеми тајни

…кој сака да биде со вас, но го почитува времето и просторот што ви треба за себе

..кој не е љубоморен и ви дозволува да ги живеете своите соништа

…кој сака да ве гледа среќна во секое време…

Останете сами додека не сретнете личност која ќе ве натера да НЕ сакате да бидете сами.

Напиши коментар