After Midnight

Оставете ги погрешните да си одат – Неколку совети за односите кои никогаш нема да ги заборавите

Велат дека најголемата среќа и најголемото страдање на овој свет доаѓаат од односите. Човек може да биде многу успешен и богат, но ако има нездрави односи, нема да биде среќен.

Залечете ги старите рани преку простување
Во секој момент од нашите животи растеме или скапуваме – дури и вашето физичко здравје е избор, а не судбина. Уметноста за одржување на среќата во животот и односите се заснова на добра рамнотежа на она што за што се држиме и на што го пуштаме. Вистина, понекогаш луѓето на кои им веруваме (вклучително и ние самите) ќе не повредат.

Понекогаш не можеме да го избегнеме тоа, но наш избор е дали секогаш ќе се чувствуваме мизерно поради тоа. Простувањето е лек. Ние мора да го напуштиме она што е зад нас за да можеме да го прифатиме доброто што нè чека.

Признајте кога ќе направите грешка
Искреното срце е почеток на сè што е добро на овој свет. Најчесните луѓе не се оние кои никогаш не грешат, туку оние кои признаваат кога ќе направат грешка, а потоа прават се за да ја исправат.

Искреноста нема секогаш да ви донесе многу пријатели и обожаватели, но секогаш ќе ги задржи оние вистинските во вашиот живот.

Дајте им простор на другите да носат свои одлуки
Престанете да ги проценувате другите според вашето минато. Никогаш не постапувајте, не судете им на другите и не однесувајте се кон нив како да ги познавате подобро отколку што тие самите се познаваат. Тие живеат поинаков живот од вашиот. Нешто што е добро за една личност можеби не е добро за друга.

Нешто што е лошо за една личност може да го промени животот на другата личност на подобро. Дозволете им на луѓето во вашиот живот да прават свои грешки и да носат свои одлуки.

Направете работи што ве прават среќни
Ако сакате да ја разбудите среќата во врската, започнете со живеење живот што ве прави среќни и потоа озрачете ја вашата врска со таа среќа. Ако сакате да го елиминирате страдањето од односот, започнете со елиминирање на вашите темни и негативни делови, а потоа зрачете со позитива.

Најголемата сила што ја имате во овој живот е силата на сопствената само-трансформација. Целата позитивна промена што ја барате во врската започнува со оној кој го гледате во огледало.

Прифатете, не очекувајте

Безусловното прифаќање е нешто што го бараме, но ретко го нудиме. Запомнете, луѓето никогаш не прават нешто што не е нивен карактер. Можеби ќе можат да направат некои работи што ги надминуваат вашите очекувања, но она што го прават открива кои се тие. Никогаш не ги наметнувајте своите очекувања на другите, освен да очекувате да бидат токму тоа што се. Она што се тие не е она што тие го велат или она што вие го очекувате, туку она што тие го откриваат. Или ќе ги прифатите такви какви што се или ќе продолжите без нив.

Погрешните пуштете ги да си одат
Бидете свесни за вашата вредност. Кога ќе му дадете време на некој што не ве почитува, предавате делови од срцето кои никогаш нема да ги вратите. Сите неуспешни врски болат, но губењето на некој што не ве цени и почитува не е загуба, туку добивка.

Некои луѓе привремено влегуваат во вашиот живот само за да ве научат нешто. Тие доаѓаат и си одат, но ве учат на нешто важно. Совршено е добро што тие веќе ги нема во вашиот живот. Сега имате повеќе време да се фокусирате на врски што се навистина вредни за вас.

Напиши коментар