Надвор станува постудено, што значи дека треба да се облекуваме послоевито.
Тоа исто така значи дека здолништата ќе треба да почекаат некое потопло време
Но, дали е навистина така?
Не, не е – постои феноменален трик што ќе овозможи на нозете да ви биде топло, а вие сепак да излезете со здолниште!
Потребни ви се само две работи, а тоа се подебели памучни хулахопки, во боја на вашата кожа и црни најлонки.
Прво облечете ги хулахопките со боја на вашата кожа, па црните најлонки врз нив и потоа облечете го здолништето.
Секој ќе помисли дека се смрзнувате со едни најлон чорапи, но нема да ја дознаат вистината, бидејќи овој трик е многу суптилен, но ефикасен.