Нанесувањето парфем се смета за толку банален чин што генерално не му посветуваме особено внимание. Како и да е, што ако ви кажеме дека сте нанесувале парфем на погрешни места oд вашето тело цело време?
Иако сметате дека со прскање парфем на зглобовите и вратот, го нанесувате парфемот на местото на пулсот, што зрачи со дополнителна топлина и со тоа го засилува мирисот, тоа сепак не е идеалната локација.
Имено, единственото место каде треба да нанесуваме парфем е папокот. Само една капка парфем во папокот совршено ќе го дистрибуира мирисот низ целото тело и ќе ја одржи својата долговечност.
Актерката Лив Тајлер и манекенката Адријана Лима се добро запознаени со овој трик и се колнат во него со години, откривајќи ја својата тајна на секогаш пријатен мирис.