Free zone

Ова е најпопуларната музика за слушање во теретана

Според најновото истражување спроведено од FitRated на група од илјада луѓе, а пренесено од американскиот iHeartRadio, Лејди Гага и нејзината музика се сметаат за омилени кај редовните посетители на теретана кои наведуваат дека имаат најголема мотивација за тренинг со нејзината музика.

FitRated го спроведе ова истражување на споменатата група на луѓе со цел да се открие со чија помош наоѓаат најдобра мотивација за движење, односно за тренинг.

Истражувањето утврди дека испитаниците најмногу уживаат во брза поп музика, а поп sвездата Лејди Гага е на врвот на листата омилени уметници кои се слушаат во теретана.

Веднаш зад неа беа Мајкл Џексон и Бруно Марс, а покрај поп музиката, доминираше и РнБ и рап музиката – чии претставници беа The Weeknd, Лил Вејн и Еминем.

Кога станува збор за музиката ЕДМ, која исто така беше застапена, испитаниците наведоа диџеи како Дејвид Гета и Калвин Харис.

Напиши коментар