Free zone

Ова е најубавиот дом на Инстаграм: Романтичен, софистициран и пријатен амбиент

Oдамна не сме виделе поубав дом. Ѕирнете во оваа романтична, нежна и убаво украсена куќа! Ова е дефинитивно најубавиот дом на Инстаграм!

Замислете дом кој е исполнет со меки перници, нежни бои, романтична декорација и во кој се чувствувате како да сте во најубавиот сон. Таков дом пронајдовме на Инстаграм профилот @herzenstimme. Комбинацијата на скандинавски дизајн и бохо стил направи оваа куќа да издвојува посебна доза на романса и удобност.

На секој агол од куќата му е посветено посебно внимание – Од скалите, дневната соба, до просторот за читање – секој детал има посебно значење и симболика, и сите заедно зрачат со љубовна енергија и топол дом. Ламби, волнени и кадифен перници, sвезди, оригинални бохо-слики и уникатен мебел – сè изгледа волшебно, како совршено место за бегство во светот од соништата.

Иако има многу детали во домот, отворениот простор му дава практичен распоред и на боите – црна, бела, боја на дрво и нежни – пастелни нијанси. Посебно внимание привлекува надворешноста на куќата, во која е сместена кадата за уживање, подеднакво убаво украсена како и внатрешноста.

Напиши коментар