After Midnight

Ова е строго забрането: Четири нешта кои никако не смеете да ги правите по прекинувањето на врската!

Прекините се ужасни, тажни, збунувачки, моменти кои никогаш повеќе не би сакале да ги доживееме, но им се случуваат на сите. Кога срцето ќе ни се скрши, повеќето од нас имаат навика да донесат не баш најдобри одлуки. Тогаш ќе ни се чини како добра одлука, затоа што за момент нема да мислиме на нашата поранешна љубов или ќе се чувствуваме „полесно“, затоа што ги испуштаме емоциите, но кога ќе помине некое време, сфаќаме дека сме биле глупави. Прекините се ужас, но никогаш, никогаш не треба да ги правите овие 4 работи во вакви ситуации. Тие всушност само ќе направат сè да изгледа уште полошо. За жал, повеќето од нив ги правиме редовно.

Обид да останете во контакт со поранешната љубов

Не, не и не. Иако, во тој момент се чини дека е помалку болна опцијата да останете во контакт, бидејќи сепак е тешко да се отсечете од животот некој што сте го слушале секој ден и сте го гледале често, но да останете во контакт нема да ви помогне. Така само ќе ви треба уште плус време за да ја преболите својата поранешна љубов. Некои потајно ќе се надеваат дека ќе можат да го сменат мислењето на поранешниот или дека по некое време работите ќе се вратат во нормала, но во 99% од случаите тоа нема да се случи.

Предолго сте во фаза на жалење

Може да поминат месеци, но вие сепак нема да сакате да излегувате, да се дружите со луѓе и да правите нормални работи што сте ги правеле порано, но не треба да си дозволите да го сторите тоа. Во ред е да одвоите краток временски период ,да се заклучите во собата, да ја слушате Адел, да гледате љубовни филмови, да јадете сладолед и чоколадо, но не дозволувајте тоа да трае со месеци. Секоја врска е различна, а во зависност од тоа колку траела и колку сте луди по таа личност, зависи од тоа колку ќе трае вашата фаза на жалење. Нема правила што одредуваат кој временски рок е точен, но некој препорачан период е еден месец. После тоа, време е да продолжите понатаму. За почеток, полека, но важно е да се започне.

Правите глупости што не се типични за вас

Некој ви го скрши срцето и сега имате потреба да правите сè што сте пропуштиле додека сте биле заедно или едноставно сакате да правите луди работи – затоа што едноставно можете. Но, не треба. Особено денес кога имаме потреба да објавуваме сè на социјалните мрежи. Можеби нема ти да објавиш, но може било кој од твоето друшто. А, тоа ќе ве прогонува подоцна. Претерувањето со што било не е здраво, иако можеби сакате да го сторите тоа сега. Дали мислите дека ќе се чувствувате подобро ако се расфрлате со пари? Или ако излезете со секој лик што ќе го сретнете надвор? Да објавите некоја скандалозна фотографија на Инстаграм? Накратко можеби да, но подоцна нема, а последиците ќе останат.

Зборувате лошо за поранешниот партнер

Еден начин да се справите со раскинувањето, што многу луѓе го сакаат, е да почнат да зборуваат лошо за поранешната љубов, секогаш кога ќе се појави можност. На овој начин ќе се оправдате во вашата глава за што ве оставил или зошто сте го оставиле. Иако, тоа ќе ги одвлече мислите од скршеното срце, нема да се чувствувате подобро. Вие нема да го надминете полесно. Ова не е убаво или корисно однесување и нема потреба да се зборува лошо, особено за да се шират лаги. Наместо тоа, концентрирајте се на себе и продолжете на начин што не вклучува ништо што има врска со него.

Напиши коментар