After Midnight

Ова е вистинско време да пробате три секс играчки дизајнирани за жени и да го земете задоволството во свои раце

Колку повеќе општеството се развива и станува сè поотворено, табу-темите остануваат зад нас, а жените конечно можат да зборуваат јавно за сексот и самозадоволството.

Се разбира, останува уште многу работа во областа на еднаквоста, но може да се забележат некои измени.

Сосема е нормално жената да сака да го запознае своето тело, да воспостави врска со себе и да го најде најдобриот начин да се задоволи себеси, а покрај тоа, на пазарот се појавуваат сè повеќе секс играчки што можат да ги задоволат сите потреби на жените.

Притоа, добро е да се знае дека не ни треба друга личност за да постигнеме оргазам.

Не се сите играчки за секс еднакви;

Покрај стандардните вибратори и дилдо играчки, има бројни симулатори за клиторисот со звучни бранови кои ќе ви пружат повеќе задоволство, но запомнете – внимателно дезинфицирајте ги пред и после секоја употреба.

Подолу ви претставуваме три играчки што ќе ги обожавате.

Squish

Иако првата може да ве потсети на блендер за шминка поради нејзината форма и боја, тоа е играчка која вибрира посилно во зависност од јачината на вашиот притисок на раката.

Таа е со големина на јајце и во себе има мотор што вибрира, но е наменета само за надворешна употреба.

Г-точка вибратор

Таканаречениот вибратор „зајак“ е одличен за навлегување и истовремено симулирање на Г-точката поради екстензијата што ја има и наликува на зајак, а постојат модели кои имаат до 36 различни типови вибрации.

Ако сте го гледале филмот 50 Нијанси сиво, ќе знаете за што зборуваме.

Клиторичен масажер

Ако сте обожавател на орален секс, оваа играчка ќе ве воодушеви бидејќи имитира орален секс.

Комбинацијата на воздух, вибрации и вовлекување ќе ве доведе до кулминација без исклучок.

Ако ја поставите опцијата Smart Silence Autopilot, никогаш нема да знаете што да очекувате во кое било дадено време, а кога станува збор за големината – има поголеми и помали „глави“ кои се приврзуваат на оригиналниот модел, па можете да изберете.

Write A Comment