Astro&Horoscope

Ова се четирите најнегативни хороскопски знаци

Скорпија
Во нивниот законик, секој е виновен се додека не ја докаже својата невиност. Тие се сомневаат секогаш и во секого и мислат дека ќе бидат разочарани. Тие ги мразат сите со коишто се скарале, но и нивните роднини и сонародници. Тие се многу чувствителни, но не плачат, туку се лутат. Ако се повредени, долго ќе го паметат приговорот се додека не помислат на најдобриот начин за одмазда. Во зрелоста, тие достигнуваат точка каде што ги мразат сите живи.

Јарец
Јарецот е убеден дека знае повеќе од другите за сите теми што го интересираат, па затоа силно им замерува на оние што го потценуваат или критикуваат. Бидејќи тие се доживуваат себеси како сигурни и пожртвувани, тие не можат да ги издржат ниту оние кои се неблагодарни. Тие, исто така, го мразат секој што е неодговорен, неточен, несовесен и наметлив. Ова значи дека тие имаат безброј цели за омраза околу себе, а една од целите се тие самите.

Девица
Девицата најпрецизно ги согледува нередот, небрежноста, нелогичноста и нечистотијата, па затоа во секој момент наидува на нешто што ја мачи и вознемирува. А, ако некој е постојано изложен на стрес, таа нема друг избор освен да мрази сè околу себе. Покрај тоа, Девиците се генерално добро информирани и лути кога се соочуваат со туѓото незнаење. За среќа на околината, нивната омраза не е толку смртоносна како онаа на повоинствените Скорпии, Јарци или Овни.

Рак
Ракот е најранливиот и најнавредливиот знак. Бидејќи тој често се наоѓа повреден или исплашен, во него расте омразата кон немилосрдниот свет. Парадоксално, тој има топло срце полно со љубов, но колку поинтензивно сака, толку повеќе се плаши за благосостојбата на своите најблиски, и секој што изгледа како закана е мета на неговата омраза. Меѓу оние кои крајно ги мрази се сите оние кои ги загрозуваат неговите најблиски, но и народот, родниот крај и татковината.

Напиши коментар