Рокерска јакна
Без разлика дали ќе ја комбинирате со искинати фармерки и мартинки или со фустан во пастелни бои и цветен дезен, кожната црна јакна е едно од парчињата што мора да ги имате оваа сезона. Иако, некогаш беше резервирана само за машките гардеробери, сè почесто ја наоѓаме во најженствените варијанти.
Мал црн фустан
Од вечер во театар, преку роденденски забави, до некои поформални прилики, малиот црн фустан е едно од оние парчиња што секоја жена треба да ги има во својот плакар. Без разлика дали ве привлекува малку покласичен или посмел крој, со само еден црн фустан и неколку различни модни додатоци, ќе имате безброј комбинации. Нека започнат модните игри!
Вештачко крзно
Ако има парче што е совршено за студените денови, тогаш тоа е палто од вештачко крзно. Веќе неколку сезони е на врвот на модните трендови, а и овој пат не е исклучок. Преку смели бои, живописни, топли нијанси до класичната teddy bear кафена варијанта, речиси секоја е подеднакво шармантна на свој начин.
Тексас јакна
Заборавете на досадните, класични тексас јакни. Овие сезони се носат шарени, различни, везени, со апликации и натписи, крзно околу вратот … Тие се совршен избор за секој ден во оној познат период на транзиција кога слоевитната облека е задолжителна, и докажано е дека игра улога во секоја комбинација.