Летото заврши, но хитовите што ни ги донесе се уште се тука – и многу од нив станаа популарни благодарение на TikTok.
Како што беше случај со социјалната мрежа Vine порано, така е и со оваа мрежа: тинејџерите стануваат вирални преку кратки видеа, но овој пат на помош им доаѓаат песни, кои се стари хитови, а има и нови.
Влијанието што TikTok го има врз успехот на песните е неверојатно: благодарение на оваа мрежа, Lil Nas X доживеа успех со песната Old Town Road, а слично нешто се случи и со синглот The Box, издаден од Roddy Rich. Јасно е: TikTok има моќ да донесе нови песни на врвот и да ги оживее старите.
Овие се сите песни што станаа вирални благодарение на TikTok во 2020 година – и за кои не мораше да се осмислува посебна кореографија (песните со кореографии веќе се тема за посебна приказна…)