After Midnight

Ова се сигурни знаци дека со него не можете да планирате сериозна врска

Се гледате само кога него му одговара

Јасен показател дека одреден човек ве смета за минлива личност во својот живот, е тоа што се гледате само кога него му одговара, односно кога нема други планови. Тој ви се јавува кога ќе најде малку време, а вие пресреќни трчате кон него. Меѓутоа, кога вие ќе се јавите и ќе предложите заедничка активност, тој не ја прифаќа вашата покана.

Не покажува никаков интерес за вашиот живот

Ако вашето „речиси“ момче не покажува ни најмал интерес за она што го правите во животот, знајте дека вие сте едноставно личноста со која сака само секс. Ако тој не е заинтересиран за тоа како сте го поминале денот, како сте си поминале на роденден, кои се вашите цели и не се обидува да стане дел од вашиот живот, јасно е дека не му значите толку многу колку што тој ви значи на вас.

Сè му е поважно од вас

Друг јасен показател дека сте минлива точка во неговиот живот е дека не сте негов приоритет. Ако ви се чини дека тој ќе го помине денот во чистење на гаражата пред да прошета со вас, јасно е колку време е подготвен да ви посвети. Ако сте на самото дно на неговата листа на значење, воопшто не треба да бидете на неа.

Никогаш никаде не излегувате заедно

Ако вашите средби се сведени само на ноќни мазења, размислете уште еднаш дали ваквото однесување води до вистинска врска. Дали некогаш сте излегле со него во град, во кино, на прошетка? Ако одговорот е НЕ, тоа е знак дека тој не сака да го гледаат со вас, пред сè не сака да ве претстави пред некој што го познава како негова девојка.

Напиши коментар