Мала доза на љубомора во врската, па дури и во пријателствата е нормална појава, но има и такви што ги јаде зависта. Астролозите веруваат дека хороскопот игра голема улога во тоа, а луѓето родени во следните три знаци на Зодијакот, се сметаат за најљубоморни и најпосесивни.
Скорпија
Песимистични се и не веруваат во никого, па затоа им е тешко да одржуваат врски и пријателства. Тие се посесивни, но и агресивни и нападни кога немаат сè под контрола.
Јарец
Јарците никогаш не се задоволни од својот живот, бидејќи постојано мислат дека другите се подобри од нив. Тешко им е да преживеат во врската, затоа што постојано размислуваат што може да се случи и дали се доволно добри за партнерот.
Близнаци
Со интензивната љубомора и посесивност, Близнаците ја покажуваат сопствената несигурност. Тие не се за долги врски, затоа што се негативни и параноични.