Free zone

Ова се водечките трендови кога станува збор за вашата боја на коса

Кога станува збор за hair трендовите, за време на есен / зима сезоната, модерни се топлите, природни тонови и боите на косата за кои не е потребен многу труд и чести посети на фризер. Ако сепак сакате да излезете од вашата комфорна боја и да ја промените бојата на косата, ова се некои од боите кои се најбарани во фризерските салони.

Нежно руса

Фризерите топло ја препорачуваат оваа нијанса за периодот пред нас, бидејќи совршено се вклопува во популарните неутрални тонови, кои мора да ги имате кога е модата во прашање. Кафените прамени ќе и дадат волумен на вашата руса коса и своевидна топлина, а ќе бидат скоро незабележливи, затоа што ќе извлечете само неколку од нив, со цел да го постигнете посакуваниот ефект врз вашата коса.

Боја на костен

Бојата на костенот е омилена боја на фризерите, скоро секоја есен, а причината за тоа е што совршено одговара на секоја нијанса на кожата и боја на очите. Ако сакате вашата коса да изгледа посјајна, изберете да бојата на костен да ја прошарате со неколку бронзени прамени, кои ќе изгледаат совршено.

Црна

Најтемната нијанса на црна е стара класика кога станува збор за hair трендовите. Бојата е лесна за одржување, па дури можете да бидете и сам свој фризер, што им го олеснува животот на многу девојки. Од друга страна, вашата коса ќе изгледа совршено посебно во комбинација со минимален make up и црвен кармин.

Напиши коментар