Во денешно време, многу девојки сè повеќе одат во козметички салони, за да го освежат изгледот на своите нокти.
Трендовите во оваа сфера се менуваат од време на време, а секоја девојка, која се грижи за својот физички изглед, секогаш сака да има „тип- топ“ средени нокти.
Меѓутоа, ако сте од оние кои сакаат да експериментираат, сигурно ќе ви биде и повеќе од интересен овој 3D маникир.
Лизи има салон за убавина во Мајами, а неодамна започна да објавува снимки од своите неверојатни креации на „ТикТок“ профилот.
Имено, таа прави многу необичен 3D маникир, од кои некои мини проекти вклучуваат суши и слатки на ноктите, костими за капење и корсети, па дури и еднорози!
Иако овој вид на маникир можеби не е за секојдневни прилики, тој дефинитивно е многу забавен и креативен.