Free zone

Оваа девојка го променила начинот на исхрана и засекогаш го решила проблемот со акните – Можеби токму на тебе ова ќе ти биде од голема помош!

Акните се естетски проблем што може негативно да влијае на самодовербата – луѓето со проблематична кожа често се срамат од својот изглед и затоа се повлекуваат во себе.

Рејчел Кроули се бори со овој проблем уште од нејзината седумнаеста година. Акните се обидувала да ги покрие со разни пудри и користела разни препарати за нега на проблематична кожа, но безуспешно.

Со текот на времето, таа почнала да се чувствува толку засрамена од лицето што одбивала да го напушти домот. Кога и да разговарала со некого, добивала впечаток дека соговорникот не ги тргнува очите од нејзините воспалени акни.

„Заспивав во солзи и се молев кожата да изгледа нормално кога ќе станам. Сакав да се дотерувам, да носам различна облека и да се шминкам, но никогаш додека имав акни “, напиша таа неодамна на Инстаграм.

„Никогаш немав самодоверба, не се чувствував подобро. Никаде не излегував, постојано имав изговори“, продолжи таа.

„Проблемот со акните, особено во пубертетот, влијае на развојот на самата личност. Ова може да создаде сериозни проблеми во подоцнежниот живот и самоприфаќањето. Многу млади луѓе го имаат овој проблем. Клучот е да реагирате на време и да бидете упорни. „Овие проблеми не можат да се решат преку ноќ“, тврдат дерматолозите.

Тие велат дека намалената употреба на пудра, чистење на кожата со соодветни средства и регулирање на исхраната може да го реши проблемот.

Ова го потврдува и самата Рејчел, која на овој начин успеала да се ослободи од досадните акни.

Откако ја регулирала исхраната и престанала да конзумира вештачки шеќер, таа започнала да гледа промени.

„Престанав да јадам храна што содржи преработен шеќер и главно јадам свежо овошје и зеленчук“, тврди таа.

Иако оваа „борба“ со акните е долга и тешка, Рејчел успеала да ги надмине своите проблеми и недостаток на самодоверба, а еве што ги советува младите кои се борат со проблематичната кожа:

„Ослободете се од срамот и стравот. Секој од нас е убав и посебен на свој начин. Проблемите со акните се само една фаза во вашиот живот, затоа не плашете се и не срамете се“.

Напиши коментар