Astro&Horoscope

Овен и Лав се најтемпераментните хороскопски знаци во Зодијакот: Нивната лутина е навистина опасна!

Постојат луѓе кои не можат да прифатат шега на свој трошок, кои се лутат поради најмалите детали, а потоа се одмаздуваат кога најмалку очекувате.

Овен

Овенот е огнен знак и знае да се налути и за најмалата ситница. Ако нешто е скоро незабележително за повеќето, тој може да го доживее како напад врз неговото его. И тогаш, нека се спаси кој може. Нивните бурни реакции понекогаш се толку непромислени и неоправдани, што ќе останете без текст. Ако се пошегувате со него, а тој го разбере тоа како прозивка, способен е брзо да реагира и демонстративно да ја напушти забавата, кафулето, станот, теренот… Друга опција е да ве вклучи во дискусија што може да трае со часови, се додека тој не излезе како победник. Исто така е многу големо злопамтило, не заборавајте на тоа. Сепак, и покрај сè, убаво е да имате личност во овој знак во вашиот живот.

Лав

Лавот и неговата суета, којашто го задржува на сите полиња од животот. Ако го повредите, очекувајте одмазда. Лавот е егоцентричен и сака да се однесува како дива, особено ако мисли дека е оштетен или повреден на некој начин. Кога знае дека нема аргументи за неговите тврдења, тој ќе ја напушти дебатата со викање, галама и трескање на вратата. Дури и кога знае дека погрешил, тој нема да биде првиот што ќе се јави, па макар и целиот свет да гори. Поради својата суета, тие ги жртвуваат врските и пријателствата што ги граделе со години.

Напиши коментар