Ако сакаш драма, ова е вистинското место за тебе. Има пријателства на музичката сцена, но има и голема омраза и љубомора. Еден куп музички sвезди не се согласуваат меѓу себе, а одредени отидоа до крајни граници.
Не е тајна или ништо необично што особено американската музичка сцена е полна со чудни односи. Има секакви, но најинтересни се најдраматичните. Кога една ѕвезда е толку изнервирана и лута што снима и песна за некого, па дури и не се обидува ниту да скрие за кого станува збор – тоа е вистинскиот извор на драмата. Музичарите сакаат да ставаат скриени пораки во песните што ќе ги разберат само најголемите обожаватели, но понекогаш сакаат и да разјаснат некои работи. Во овие песни нема тајни пораки и на сите им е повеќе од јасно за кои други познати музичари или славни лица станува збор.
Kanye West – Famous
Никогаш не беше тајна дека Канjе и Тејлор Свифт не се сакаат. Канjе отиде дотаму што изјави дека е позната благодарение на него и сними песна за неа. Тој дури и не се обиде да го скрие тоа затоа што јасно го изговори нејзиното име во песната. Оттука започна големата расправија меѓу овие двајца музичари, која не престана до денес.
Taylor Swift – Bad Blood
Освен што не e во добри односи со Канје, Тејлор долго време не беше добра ниту со Кети Пери. Денес сето тоа е зад нив и девојките се пријателки, но претходно … Големиот хит на Тејлор ‘Bad Blood’ е наменет за оваа нејзина колешка. Тејлор во едно интервју изјави дека никогаш не била сигурна дали се пријателки или не, затоа што Кети била добро секогаш кон неа кога ќе се сретнеле некаде, но тогаш практично се обида да ја саботира целата турнеја на Тејлор, така што се обиде да ги „украде“ луѓето кои работеа со неа.
One Direction – Perfect
Оваа песна не е толку драма и никогаш не е потврденo, НО … Тејлор Свифт е повторно вклучена. Хари Стајлс и Тејлор се забавуваа веќе некое време, па обожавателите се убедени дека во оваа песна стихот ‘And if you’re looking for someone to write your breakup songs about, baby I’m perfect’ е за неа, поточно, потсмев за начинот на кој таа пишува песни, бидејќи како што сите знаат, Теј секогаш издаваше албуми по некое раскинување, на почетокот на нејзината кариера, а песните секогаш беа главно за таа поранешна љубов.
Justin Biber – Love Yourself
Кога излезе оваа песна, Џастин и Селена Гомез раскинаа по којзнае кој пат и не беше тешко да се каже за кого пее во стихот ‘My momma don’t like you / And she likes everyone’.
Ed Sheeran – Don’t
Со години, обожавателите шпекулираа и веруваа во неговата теорија дека оваа песна од Ед зборува за љубовниот триаголник помеѓу него, Нил Хоран и Ели Гулдинг. Ед никогаш не го потврди ова, но рече дека е многу искрен во таа песна, но исто така и дека станува збор за нешто што го доживеал, односно за некое лично искуство.