Водењето љубов е едно од најсовршените чувства, но има и пози што многумина не ги преферираат.
Компанијата Superdrug, која продава производи наменети за хигиена, здравје и убавина, спроведе анкета меѓу 1.000 луѓе од САД и Европа, поставувајќи им прашања за водење љубов и се покажа дека нервозата предизвикана од обидот за нови пози, има доста голем удел во таа активност.
Истражувањето покажа дека дури 56,8% од жените и 42,7% од мажите велат дека се исплашени од помислата да се обидат да ја направат позата 69 во стоечка позиција. Ова, сепак, не е неочекувано. Затоа што, навистина треба да бидете вешти (и силни) да ги држите нозете на партнерот додека нејзината глава е надолу и орално да се задоволувате еден со друг цело време.
Повеќе од половина од испитаните жени (54,5%), исто така, рекле дека имаат страв од аналниот секс, или дека тој им предизвикувал непријатност. Интересно е што, фер процент од мажите (дури 30,5%) исто така велат дека се чувствуваат идентично кога размислуваат за тоа. Ова е изненадувачки, затоа што станува збор за една третина од мажите, а сите овие децении и стотици години, се размислувало поинаку.
Друга игра од спалната соба што може да ве исплаши, е сето она што вклучува секс во „лебдечка“ позиција. За ова се загрижени 16,9% од жените.
Интересна и необична поза од Камасутра, таканаречена “kneeling wheelbarrow”, поза која личи на класичната „кучешка“ во која жената, всушност, не се потпира на ништо, туку само нејзините подлактици едвај го допираат подот или креветот, прави 24,8% од жените нервозни и 16% од мажите.
Она што е важно е дека треба да се сфати дека водењето љубов треба да биде релаксирачко, забавно, интересно, возбудливо.
Експериментирањето е препорачливо, но не по секоја цена, да не се доведете до прединфарктна состојба.
Ако сте нервозни поради некоја идеја, откажете се. Има толку многу други пози …