Не е баш лесно кога си млад. Младите исто така имаат свои проблеми и стравови во врска со нивното тело, но и односите со родителите и пријателите.
Моите гради
Градите на секоја девојка растат, но не во исто време и не се со иста големина. Развојот на дојката и брзиот, ран пубертет може да привлечат внимание кон вас многу рано, без да сакате.
Потребен ви е градник што ви одговара. Ако некој ви приговара со непријатни коментари и ве прави да се чувствувате лошо, кажете му дека ви е непријатно и дека „не е фер“. Ако тоа не помогне, побарајте помош од возрасно лице (родители, наставници, воспитувачи или училишен психолог).
Мојот нос
Имате впечаток дека вашиот нос е преголем или нерамен и се чувствувате како луѓето секогаш да зјапаат во вашето лице, па сакате пластична операција за да го поправите?
Операцијата може да го промени носот, но исто така има и ризици. Дури и по операцијата, носот со текот на времето може да ја промени формата. Обидете се со шминка за да ја намалите видливоста. Потемна основа на шминката на обете страни може да помогне да се направи носот да изгледа помал. Исто така, запрашајте се дали сте премногу критични кон себе. Разговарајте со вашиот лекар дали вашиот нос е навистина голем. Понекогаш ни недостасува да ја видиме убавината што веќе ја имаме, па ни делува дека изгледаме полошо.
Лош здив
Твојот најдобар пријател вели дека имате лош здив!?
Ако имате лош мирис од устата, четкање на забите или чистењето со забен конец можеби не е доволно. Изберете што јадете пред да излезете во јавност. Мијте ги забите двапати на ден, вклучувајќи го и јазикот. Пробајте миризливи бонбони или гуми за џвакање без шеќер.
Ако сè друго не успее, консултирајте се со вашиот лекар (проблеми со варењето на храната или грлото) или стоматолог (расипани заби).
Што да направите за време на менструацијата?
Се движите кога другарката ви шепка дека имате светло-црвена лента на задниот дел од панталоните. Имате менструација на училиште, што да направите?
Соблечете ја маицата или врзете јакна околу половината и скријте ја дамката додека ја повикувате наставничката. За да го спречите ова, носете резервна влошка или тампон и резервни панталони.
Родителите се однесуваат со вас како со мало дете?
Вие сте во средно училиште, но вашите родители сепак се однесуваат како да имате 3 години. Тие секогаш ве потсетуваат да ја „закопчате јакна“ и да се „напиете млеко“ пред другрите.
Покажете им на родителите дека сте одговорна личност помагајќи во домашните работи и со своите добри оценки.