Astro&Horoscope

Овие три хороскопски знаци никогаш не бараат помош од другите

Секој од нас има еден пријател кој е секогаш тука да помогне, но никогаш нема да побара помош дури и кога му е најпотребна. Не е дека тие не сакаат да бидат кралеви на драмата, туку сметаат дека барањето помош е нешто што ги прави ранливи. Од овие три знаци на Зодијакот, никогаш нема да слушнете „помогни ми“!

Водолија – Никој не е толку избалансиран како Водолијата. Кога и да може, Водолијата стои настрана и набљудува, наместо да се меша и да учествува во драмата. Од една Водолија секогаш ќе добиете корисни совети, поддршка и помош, но таа верува дека сè може да реши сама. Кога има проблем, Водолијата се повлекува пред светот и бара решение во своите четири ѕида. Иако се чини дека знае што прави, Водолијата е изгубена во таа нејзина прекумерна грижа и и треба некој барем да ја сослуша.

Риба – Рибите се многу емотивни и интуитивни и затоа ги прифаќаат проблемите на другите луѓе како свои. Рибите ќе ви овозможат максимално да ја користите нивната добрина, одново и одново. Секој пат ќе трчаат да ве фатат дури и пред да се сопнете. Но, кога тие имаат проблем, замолчуваат. Една Риба никогаш нема да ви каже дека има проблеми дури и ако јасно се гледа дека страда. Значи, ако забележите дека нешто не е во ред, застанете и свртете ги во правецот во кој треба да пливаат, рамо до рамо со вас.

Девица – Кога сте во неволја, секогаш можете да сметате на вашиот пријател Девица. Ако имате љубовни проблеми, тие ќе ве слушаат до 2 часот по полноќ. Барате нов стан? Девицата ќе дојде кај вас следниот ден и ќе донесе список со најдобрите станови. Кога ви треба нешто, Девицата ќе помести и планина ако треба, но кога и треба помош, владее општа тишина. Затоа, треба да обрнете внимание на однесувањето на вашиот пријател роден во знакот на Девица и при првите знаци на неговото страдање да прашате која е вашата улога во сето тоа и да му дадете до знаење дека не е сам.

Напиши коментар