After Midnight

Овие три знаци неможат без секс

Според астролозите, Близнаци, Шкорпија и Стрелец се знаци кои е тешко да се воздржат од секс, и овие три знаци најверојатно веднаш ќе го загубат предизвикот за апстиненција.

Ова не се однесува само на апстиненцијата од сексуален однос, туку и за секоја сексуална активност, како што е мастурбација или бакнување.

Овој вид предизвик би бил соодветен за Бик, кој е познат по својата трпеливост, и покрај тоа што ги сака физичките аспекти на врската.

Исто така, тоа би било многу лесна задача за Ракот, бидејќи тој ги цени пред се духовните и емотивните врски, но и за Јарецот кој има дисциплина и самоконтрола.

Близнаци, Шкорпија и Стрелец се склони да играат според сопствените правила и затоа лесно можат да се најдат во неволја. Значи, овие знаци најпрво би подлегнале на искушението и би се откажле од „предизвикот за целибат“.

Близнаци

Близнаците имаат многу различни страни, и никогаш не знаете што ве чека со нив. Тие се многу паметни и љубопитни, а кога станува збор за секс, Близнаците сакаат флертување, „валкан муабет“ и играње улоги. Откако ќе се стимулираат, тие лесно можат да го загубат чувството за самоконтрола.

Шкорпија

Од сите хороскопски знаци, Шкорпијата најверојатно ќе биде првиот што ќе загуби во „предизвикот за целибат“. Со Шкорпијата управува Плутон, кој се занимава со секс, опсесивност и сите „табу“ теми. Значи, ако и кажете на Шкорпија дека нешто е забрането, таа само ќе сакаа да го направи тоа уште повеќе. Шкорпијата покрај тоа што е јасно сексуален знак, исто така е и вистински заводник. Откако ќе ви се приближи овој „секси“, интензивен и мистериозен лик, тешко е да одолеете.

Стрелец

Стрелците се познати по тоа што се страсни, спонтани и забавни. Тие се многу независни и имаат тенденција да играат по свои правила. Токму затоа што Стрелец секогаш се држи до природниот проток на нештата, затоа би изгубил во овој предизвик. Поточно, тие сакаат да живеат во моментот. Значи, ако навистина се поврзат со некој што сметаат дека е привлечен и чувствуваат потреба да го бакнат, тие нема да размислат двапати за тоа.

Напиши коментар