Astro&Horoscope

Овие знаци се ментално најлабилни, кај нив расположението се менува од минута во минута

РАК
Раковите се толку чувствителни што често се навредуваат и од најмали ситници. Наутро, тие можат да бидат расположени и полни со енергија, а до ручек да станат нервозни и склони кон провокација. Иако нивното однесување може да биде одбивно, тие не го прават тоа намерно. Тие едноставно не ги разбираат работите на ист начин како и другите хороскопски знаци.

ВАГА
Исто како што им кажува самото име, балансот во животот на Вагата е исклучително важен, но не е толку лесно да се постигне. За да се постигне рамнотежа потребни се вежби и енергија, а Вагите понекогаш намерно предизвикуваат нерамнотежа во својот живот со цел да постигнете одредена цел. Нешто такво може да влијае на нивната емоционална состојба, па затоа се склони кон разни испади.

СТРЕЛЕЦ
Иако Стрелците не се емоционално нестабилни на типичен начин, нивното расположение може да биде многу променливо. На пример, едно време тие ќе реагираат на изненадување со ентузијазам и жар, а друг пат нешто такво ќе ги налути или ќе бидат незаинтересирани. Ова најчесто се должи на стрес или преокупација со одредени работи, поради што тие не можат да се израдуваат на ништо друго.

Напиши коментар