Светки – ги сакале или не, мора да признаете дека ништо не ја рефлектира новогодишната атмосфера како нив.
На украсите, накитот, додатоците, како дел од шминката, облеката и обувките – многу малку е потребно за да станете стилска бонбона. Се разбира, само ако знаете како правилно да ги комбинирате. За да не станете кралици на кичот, модните експерти посочуваат одредени правила што треба да ги следите, но и некои што смееме да ги прекршиме.
Прво правило: Парчето облека кое има светки сметајте го за моден додаток
Ова значи дека не треба да претерувате со додатоците. Да, едноставните обетки и ѓердани се сосема во ред, но обидете се да не комбинирате повеќе видови на светки и на пример, да не носите ист светкав модел на чевли и чанта со светкав фустан. Што е многу – многу е.
Второ правило: Едно парче со светки, додека останатите парчиња треба да бидат неутрални
Значи, продолжување на првото правило. Ако носите јакна или палто со светки, проверете дали остатокот е понеутрален. Или доколку сте одбрале здолниште или панталони, комбинирајте ги со едноставна кошула или туника, џемпер и слично. Истото правило важи и за обувки и чанти.
Трето правило: Шминката треба да биде минимизирана
Црвен кармин и тенок молив за очи и прекрасен тен е сè што ви треба доколку носите впечатливи комбинации со светки. Неутралните nude тонови се исто така совршен избор. Избегнувајте премногу сјај на усните, итн. Исто така, светките се комбинираат прекрасно со кожа, па дури и во спортски варијанти.
Четврто правило: Не претерувајте со накитот
Заборавете на накинот со видливи камчиња. Значи, сè што е едноставно – може. Но, и што е можно помал и минималистички накит. На пример, прстен или едноставна нараквица отколку ѓердани и привлечни обетки.
Во продолжение, погледнете уште неколку интересни комбинации: