Free zone

Парчиња облека кои изгледаат убаво и кул, но нема да сакате да ги облечете по втор пат

На модните писти, во списанијата и на професионалните фотографии, овие парчиња облека ќе изгледаат wow и како нешто многу кул што може да изгледа добро и за вас. Но, кога ќе ги набавите, ќе ги облечете и ќе започнете да правите нешто, ќе сфатите дека тие се вистински кошмар за носење. Откако ќе ги носите некаде, тие ќе останат во вашиот плакар до крајот на животот и никогаш повеќе нема да ги извадите. Најдовме 5 такви парчиња кои се ептен тренди, изгледаат одлично и сигурно би сакале да ги носите, но во реалниот живот сите се тотална спротивност на она од фотографиите. Погледнете за што се работи…

Бициклистички

Некои го обожаваат овој тренд, други сметаат дека е тотално глупав и смешен. Но, во реалноста, ваквите шорцеви – бициклистички им изгледаат одлично на девојките кои се високи и имаат обликувано тело. На другите нема да им изгледаат ни половина добро. Овие шорцеви визуелно ги намалуваат нозете, ги потенцираат колковите и формата на нозете – оние на кои ова не им оди во корист, нема да изгледаат толку добро во нив, а повеќето од нас сè уште не изгледаат како модели.

Зимски едноделни комбинезони

Едноделните комбинезони за во зима изгледаат слатко, топли се чинат како добар начин да избегнете снегот да навлезе под облеката. Тие изгледаат одлично кај девојчињата кои сакаат да ја истакнат својата фигура, но да носите вакво нешто во зима на неделно ниво? Или секој ден? Нема шанси! Ќе го ставиш на себе си за некоја кул фотографија на снег и тоа е тоа. Каде може да влезете во вакво нешто? Секако не во продавница или на кафе.

Проѕирна чанта

Уште еден модент тренд кој изгледа многу кул, но кој тешко дека често ќе го носите во секојдневниот живот, се проѕирните чанти. Тие се навистина одлични, но дали навистина сакате да им покажете на сите што носите во торбата? Крадци има насекаде и вака само им олеснувате. Некои луѓе ги носат овие торби на таков начин што ставаат друга помала торба во неа и дури потоа ги ставаат работи.

Фустани кои изгледаат како свилени ноќници

Ова е уште еден тренд што го зафати секој Инстаграм инфлуенсер и секоја девојка која ги следи модните трендови. Причината зошто ваквите фустани не се идеални за секој ден и реалниот живот, е што како свилени костуми, тие ќе се збрчкаат додека да трепнете и ќе изгледаат помалку добро, па дури и најмалата дамка на нив ќе се познава многу јасно. Да не спомнуваме дека овој фустан ќе ја нагласи секоја нерамномерност на вашето тело, како и дека е премногу тешко да се најде идеална долна облека за под вакво нешто.

Зимско палто

Уште едно парче облека чија функционалност е сомнителна и не прави ништо добро за вашиот изглед е зимското палто. Изгледа како јакна, но не е. Нема да ве стопли како јакна, а и затоа што нема никаква форма, тоа ќе го направи вашето тело да изгледа пошироко отколку што е. Капутот е секогаш подобра опција.

Напиши коментар