Египет е земја со традиција, земјата која се смета за колевка на цивилизацијата, но би било неблагодарно да се застане тука. Таа е колевка на мирот, среќата и предизвикот, метото каде се е можно.
Ќе бидам искрена, никогаш немав желба да го посетам Египет. Ми делуваше како место кое е пренагласено и многу издегустирана дестинација, целата таа слика на камили и пирамиди, но местотот е многу многу повеќе од тоа. Камилите се многу питоми животни со кои имавме прилика да се дружиме првиот ден на плажата. Беше навистина невообичаен ден. Додека го пиеш утринското кафе на лежалката, ти доаѓа човек држејќи камила до себе, која пак ти ги душка стопалата и се мести да ја погалиш.Тука се и приказните за светата мачка , потоа пливањето заедно со недресираните делфини на средина на Црвеното море. Во суштина Египет е една отворена зоолошка градина и дестинација преполна со адреналиснки предизвици. Дружењето со делфините, потоа и нуркањето покрај прекрасните гребени и набљудувањето на досега невиден морски свет.
Најпознатите локации за нуркање во египет се Рас Моахмед, Елпинстон, Браќата и Карпестиот остров. Мене ова ми беше прв пат да нуркам, и при првото нуркање веќе се чуствусвав како тоа да го правам цел живот. Ваквиот тип на активности во текот на летниот период имаат цена од 30 евра која е доста пристапна.
Бев сместена во Хургада, тука научив одлично да се ценкам. Особно искуство ми беше посетата на парфимерија каде немаше потреба од ценкање, луѓето се спремни да ти го приближат својот производ и ни одржаа комплетна презентација за парфеми. Сите тие оригинални парфеми ги чуваат во шишенца и парфемот е маслен, таков тип на прафеми кај нас се продаваат во шишиња со прскалки. Еден од продавачите потопи една капка парфем во чаша со вода, следниот момент капката помина низ водата и падна на дното каде се разлеа. После матење на течноста во чашата се осети јак мирис како воопшто да не е разблажено, што не увери дека парфемот ќе остане повеќе од 24 часа на нас.
Целокупното искуство го сметам за особено драгоцено и право уживање. Нешто што топло би ви го препорачала на сите што размислувате за адреналинска егзотична дестинација.