Само затоа што тие се нивни песни не значи дека тие треба да им бидат драги, но ова се оние што нивните сопственици воопшто не ги сакаат. Поп-пејачите често не ги пишуваат и компонираат своите песни, туку тие добиваат готови содржини што мораат да ги отпеат и тоа е тоа.
Пред неколку години, Селена откри дека има проблем со овој голем хит кога треба да го изведе. Тоа едноставно не е песна што ја претставува како музичар. Иако, рече дека многу и се допаѓа човекот кој работел со неа на песната, песната никогаш и „легнала“ бидејќи тоа не е нејзина песна. За неа звучи како песна направена за Ријана, а не за неа. Иако оваа песна ја направи Селена уште попозната, таа никогаш не се в заљуби во неа, особено кога станува збор за изведување на таа песна во живо.
Ниту Мајли не е обожавател на сите свои песни, а онаа што особено не ја сака е оваа. Еднаш призна дека се согласила да ја отпее оваа песна само затоа што одлично и одела со нејзината линија за облека што потоа ја објави. Таа не ја напишала песната и воопшто не очекувала дека ќе стане популарна. Песната едноставно се нашла на вистинското место во вистинско време и така станала нејзина.
Теј не е обожавател на еден од нејзините први хитови, а причината е: Таа порасна и сега размислува поинаку од 18-годишната Тејлор која ја напишала песната. На 18 години, таа сметала дека е навистина реална ситуација некој да може да ти го земе момчето, но сега кога порасна, признава таа, знае дека тоа не е точно затоа што никој не може да го земе твојот дечко ако тој навистина те сака и не сака да си замине. Таа песна сега воопшто и нема смисла.
Лејди Гага призна дека не може повеќе да го гледа ниту спотот на оваа песна. Таа е лута затоа што има многу добри моменти на видеото, но не е сè како што треба, крајниот резултат можел да биде уште подобар ако се потрудела малку повеќе. И нема начин како да го преболи и да се помири со тоа, па таа претпочита да ја заобиколи песната во широк круг.