Free zone

Перфектно извиткана фризура: Сè што ви треба е пегла за коса и обичен молив!

Ако сте затворени дома поголемиот дел од времето, не е лошо да ги искористите овие моменти така што ќе научите некои нови трикови, коишто ќе ви бидат од големо значење следниот пат кога ќе треба да одите некаде.

Без разлика дали станува збор за шминка или фризура, на социјалните мрежи се појавуваат илјадници упатства, со интересни и креативни решенија. Денес ви го претставуваме трикот на една ТикТокерка, која направи совршени локни на феноменален начин.

Од реквизити, таа користeше само пегла за коса и обичен молив!

Ако сакате да добиете најситни локни, се што ви треба се овие две работи.

Земете мал прамен коса и завиткајте го околу моливот, а потоа со пеглата притиснете одозгора неколку пати.

Продолжете да го правите ова сè додека целата ваша коса не биде извиткана во овие убави, ситни локни.

Напиши коментар