Лејди Гага, Деми Ловато, Тејлор Свифт, Мајли Сајрус се само некои од ѕвездите кои го поддржаа кандидатот Џо Бајден. Според првичните резултати, Бајден го победи Доналд Трамп и ќе биде новиот претседател на Соединетите држави.
Популарниот Инстаграм профил Saint Hoax објави монтажа од видеото на новиот претседател и потпретседателот Камала Харис, како играат на песната “Party In The USA”.
Ова го објави Сајрус на својот Твитер профил и напиша: „E, ова е забава во САД“.
После тоа, луѓето низ цела Америка почнаа да се собираат за да ја прослават промената на власта, а токму оваа песна се слушаше на собирите.