Кој пораснал во раните 2000-ти, сигурно имал MTV и се сеќава кога започна со емитување шоуто MTV Cribs. И мене ми остана навика, па сега обожавам какво било шоу на Јутјуб и Нетфликс што содржи збор „дома“ или „реновирање“.
Секако, посебно задоволство претставуваат домовите на славните, кои се далеку поголеми отколку пред 20 години.И бидејќи овој пат нема многу да се задржиме на тоа како било пред 20 години, ред е да ги претставиме домовите на познатите, со коишто сме оспеднати во последно време.
Кендал Џенер
Ако гледавте „Во чекор со Кардашијанс“, веројатно ве изненади домот на Кендал Џенер, кој е во фанки стил – сосема поинаков од оној во кој порасна. Можеби е малку кичесто за мојот вкус и има неколку нелогични комбинации, но од друга страна е chill, топол и во сосема релаксирачки тонови.
Џесика Алба
Мислам дека е доволно да се каже дека домот на познатата актерка вреди 10 милиони долари. Таа ја опишува куќата како мешавина од француски шмек и модерен француски стан, додека еден нејзин дизајнер открива дека Џесика е обожавателка на органски материјали, природни влакна и дрво. Шик!
J Балвин
Добро, ако не очекувавме јапонски стил од некого, тоа е Ј Балвин. Човекот е толку опседнат со јапонската култура, што целиот дом му е така уреден. Хмм … дали тоа значи дека наскоро имаме ј-поп албум?
Дакота Џонсон
Океј, мало признание: Дакота воопшто не ја сакав во „50 нијанси на сива“, но после тоа ми се приближи до срцето и сега сум навистина среќна кога и да ја видам на екранот. Нејзиниот стан изгледа навистина кул, полн е со лесни и прекрасни детали. Дакота, чекаме покана за чај!
Хилари Даф
Таа е толку симпатична што не можеме да прежалиме што не снима нови епизоди – а, тек нејзината љубов кон билките! Преслатко. Домот е совршен спој на модерен и рустичен стил и изгледа како нешто во кое можам да се замислам уште утре!