After Midnight

Пет начини како да го искористите Законот на привлекувањето кога е љубовта во прашање

Основното правило на законот за привлекување е дека истото го привлекува истото. Ова значи дека ако се фокусирате на позитивни мисли, во животот ќе привлечете позитивни мисли и позитивни настани.

Многумина од нас не се свесни колкава моќ всушност имаме во себе и што можеме да создадеме.

Истата оваа моќ може да ви помогне да пронајдете партнер, односно да го примените законот за привлекување за да привлечете вистинска љубов:

  1. Бидете целосно јасни за тоа што сакате

Јасно дефинирајте ги вашите љубовни желби и презентирајте ги пред Универзумот. Испраќате конкретни пораки и прашања до Универзумот, за да добиете конкретен одговор.

  1. Заљубете се во себе

Не можете да очекувате некој да се заљуби во вас, ако не се сакате себе си. Кога осудувате и критикувате, испуштате одбивна енергија. Самокритичноста зрачи со негативна енергија и ги одбива луѓето. Но, самодовербата е позитивна енергија и ги привлекува луѓето. Напишете список со 10 работи што ги сакате кај себе и прочитајте ги одново и одново. Убаво е да се биде околу луѓе кои се сакаат себеси.

  1. Кажете и не на љубомората

Љубомората е уште една деструктивна емоција што ја отфрла љубовта. Бидете среќни за другите, славете со нив, бидете среќни кога ќе видите среќни луѓе – кажете дека и вие сакате среќа и ќе ја добиете.

  1. Не се откажувајте

Сè и секој има свое време. Ако порачавте нешто, пратката е на пат. Не се откажувајте. Ако се откажете, ништо не можете да направите. Луѓето често очајуваат поради страв од разочарување, загуба … Сомнежот и очајот ги блокираат можностите за манифестација. Кога сакаме нешто, но се сомневаме, со сомнежот ја спречуваме реализацијата. Довербата ја отвора вратата кон манифестацијата. Сомнежот ја затвора.

  1. Уживајте во сегашниот момент

Не очекувајте дека ќе оживеете дури кога ќе најдете партнер. Вие привлекувате слични луѓе во вашиот живот; ако сте несреќни и мрзливи, ќе добиете таков партнер. Ако сакате партнер кој ќе шета по планини, одете на планина. Ако сакате партнер кој ќе сака да чита, продолжете да читате. Не чекајте да дојде. Живејте го моментот и ќе ви биде полесно да ја пронајдете вистинската личност.

Напиши коментар