Free zone

Пет намирници кои не смеете да му ги дадете на вашето милениче

Иако кучињата често сакаат да јадат човечка храна, тоа всушност не е добро, всушност може да биде дури и отровно. Нема проблем ако вашето домашно милениче јаде парче месо, но проблемот се јавува доколку се случи да јадат овошје или зеленчук, затоа што тогаш мора да се запрашате дали е тоа безбедно за нив.

Грозје

Ова овошје може да предизвика откажување на бубрезите во рок од само 24 часа откако ќе се изеде. Симптомите вклучуваат повраќање, губење на апетит, дијареја, болки во стомакот, намалено мокрење и потешкотии при движење.

Домати

Доматите содржат штетен алкалоид наречен атропин, кој може да предизвика сериозни проблеми. Зелените или незрели домати имаат помалку токсини, но сепак можат да го иритираат стомакот. Симптомите вклучуваат тресење, напади и аритмија.

Лук и кромид

Постојат спорови околу лукот. Кога се користи во екстремно мали количини, лукот може да биде добар за вашето куче, бидејќи се смета за природен антибиотик. Од друга страна, ако кучето внесе лук или кромид во поголеми количини, тоа може да предизвика анемија и вознемиреност во стомакот поради уништување на црвените крвни зрнца. Симптомите вклучуваат забрзано чукање на срцето, слабост, летаргија, повраќање, дијареја, крв во урината, бледи и тенки непца.

Јаткасти плодови

Ова ги вклучува сите семиња од цреши, сливи, кајсии до најразлични нектарини. Покрај очигледната опасност од задушување, семето може да предизвика дигестивна опструкција, а содржи и цијанид. Срцев удар е можен во рок од два дена, ако не се реши проблемот. Симптомите на труење со цијанид вклучуваат проширени зеници, хипервентилација, шок, повраќање, срцева аритмија и иритација на кожата. Ако се сомневате дека вашето куче јадело некоја од овие токсични јадења, веднаш јавете се на вашиот ветеринар. Исто така, имајте на ум дека ова се само неколку од најчестите растенија со кои кучињата имаат проблеми, но сепак списокот е многу подолг.

Напиши коментар