Free zone

Пет навики во исхраната кои го слабеат имунитетот

Борбата за силен имунитет сега е поважна од кога и да било, а во ерата на Коронавирусот, мора да се грижиме што и колку јадеме. Но, факт е дека токму во нашите секојдневни (лоши) навики се наоѓаат причините за ослабен имунитет.

Премногу сол

Вишокот на натриум во организмот не само што предизвикува оток, мускулна слабост и грчеви, туку може да предизвика и слабеење на имунолошкиот систем. Според истражувањето, телото троши дел од ресурсите за отстранување на вишокот сол, коишто мора да се бори против вирусните инфекции, како резултат на што се произведува недоволна количина на имуноглобулин и се зголемува ризикот од заболување. Обидете се да го ограничите консумирањето на брза храна, месо, сирење и употреба на сол при готвење.

Внесувате многу шеќер

Невозможно е да се најде здравствен аспект на кој консумирањето шеќер би имало позитивен ефект. Белиот шеќер е празен јаглен хидрат, кој не дава никаква хранлива вредност, а го зголемува ризикот од развој на хронични болести, го забрзува стареењето и зголемувањето на телесната тежина и го ослабува имунитетот. Злоупотребата на глукоза ја намалува активноста на имуноглобулините во просек за 30 проценти, што значително ја зголемува веројатноста за инфекција од вируси. Не е потребно целосно да се откажете од шеќерот, но неговата количина треба строго да се следи. Обидете се да ги замените слатките со здрави алтернативи и да пиете повеќе вода наместо слатки пијалоци.

На вашата исхрана ѝ недостасуваат влакна

Влакната поддржуваат здраво варење и го стимулираат производството на корисни цревни бактерии, кои не само што го зајакнуваат имунитетот, туку имаат и корисни ефекти врз кожата и расположението. Големиот внес на диетални влакна и пробиотици помага во поддршката на имунитетната функција и го штити организмот од вируси.

Пиете премногу кафе

Кофеинот е магична супстанца. Го зајакнува и го стимулира нервниот систем, помага да се спречат многу хронични болести и добро се справува со знаците на предвремено стареење. Меѓутоа, сè е добро додека се користи во умерени количини. Често се случува во текот на напорниот ден, една шолја кафе брзо да се замени со , а тоа може да предизвика слабеење на имунитетот и разни вирусни заболувања.

Јадете малку зеленчук

Зеленчукот не е само одличен извор на влакна, туку и вистинско складиште на витамини и минерали. Богат со витамини А и Ц и фолна киселина, зелениот зеленчук е одличен за зајакнување на имунитетот, овозможувајќи ви да ја преживеете студената сезона без настинки и грип.

Напиши коментар