Секој има своја теорија за љубовта, што „пали“, а што не кај некого, што можете, а што не можете да направите.
Можеме да набројуваме до утре, бидејќи секоја љубов е посебна. Сепак, психолозите издвојуваат неколку фактори кои одлучуваат дали лудо ќе се заљубите во некого.
Сличност
Иако е вообичаено мислењето дека спротивностите се привлекуваат, во пракса вистината е сосема поинаква. Експертите тврдат дека во повеќето случаи ќе завршиме со некој што е сличен на нас, бидејќи кај него имаме поголеми шанси да му се допаднеме.
Привлечност
За некои, каратерот е најважен, додека за други, физичкиот изглед е поважен. Психолозите веруваат дека и изгледот и карактерот влијаат на нашата одлука дали ќе засакаме некого. На крајот на краиштата, ако ништо не ви се допаѓа со личноста со која се дружите, вклучувајќи ги и неговите совршени стомачни, јасно е дека нема да се заљубите во него. Но, тоа веќе го знаевте, нели?
Социјално влијание
Различните социјални влијанија поврзани со возраста, потеклото или културата се длабоко вкоренети во нас уште од тинејџерските години. Па, ако имате 25 години и воопшто не ве привлекуваат постари лица, тешко дека ќе се заубите во некој кој има 45 години.
Опасност
Да, и не во фигуративна смисла, туку во вистинска смисла. Не е важно дали станува збор за скокање со падобран или планински велосипедизам, докажано е дека во ситуации кога работи висок адреналин, луѓето многу посилно се поврзуваат со другите луѓе и полесно се заљубуваат.
Исполнување
Без разлика дали тоа е галење или поттикнување на нашето его, луѓето во кои се заљубуваме исполнуваат одредена потреба во нашите животи. Тоа често се случува несвесно, и иако звучи малку депресивно, ние бараме некој да закрпи дупката во нашите животи.
Времето кога сте сами
Во суштина, ако не поминете некое време сами еден на еден, ќе останете засекогаш во зоната на пријателство. Оваа „изолација“ е клучна за заљ,убување затоа што ви овозможува подлабоко да ја запознаете другата личност.
Мистерија
Иако ни се чини бизарно дека сакаме луѓе во кои не можеме да ги „провалиме“ до крај, нема ништо чудно во тоа, бидејќи најважниот збор тука е „мистерија“ или „интригирање“.