Free zone

Пет нешта кои можете да ги направите за да се чуствувате подобро

Целиот свет моментално се чувствува хаотично. Тешко е да се фокусирате на што било – вашата работа, дури и Netflix не помага – додека вашиот телефон постојано добива известувања полни со лоши вести од целиот свет, пораки на WhatsApp од загрижени пријатели, сериозни разговори со семејството. Дури и шегите на тема COVID-19 (кои честопати не се толку смешни) понекогаш само ја влошуваат вознемиреноста што ја чувствуваме. Ниту, апокалиптичните нотификации со лоши вести и СМС-пораки од загрижени пријатели не помагаат.

Останете поврзани

Осаменоста може да има сериозно влијание врз вашето ментално здравје. „Важно е да останете поврзани со семејството, пријателите и колегите, што помага да се спречи осаменоста и да се намали вознемиреноста“, препорачува психологот и тренер за живот Шели Сомерфелд. За среќа, со технологијата ова е многу лесно. Да се ​​чувствувате помалку изолирани, FaceTime, SMS, WhatsApp видео, е-пошта или телефонски повик е секогаш добра идеја.

Фокусирајте се на мирот

„Медитацијата, смиреноста, вежбите за релаксација, како такви можат да ја ублажат анксиозноста“, вели Сомерфелд. Поминувајте неколку минути секој ден на еден од ритуалите на релаксација – испробајте вежби за јога на YouTube или преземете една од апликациите за медитација. Добрата исхрана и квалитетниот сон исто така можат да ви дадат чувство на контрола.

Правете ги работите што ве прават среќни

Изберете нешто што можете да го направите додека социјално се дистанцирате, како готвење на омиленото јадење кое секогаш ве расположува или гледање на омилената серија. Вклучете ги овие активности во вашиот дневен план, секогаш кога е можно. Следниот пат кога ќе се чувствувате презаситени или стресни или едноставно имате чувство дека мислите ви бегаат, запомнете го овој мал трик кој секогаш ќе го имате „во ракав“.

Окупирајте го вашиот ум

Пронајдете нешто што ќе го оддалечи вашиот ум од негативните мисли за да се одморите од лошите вести. Реорганизирајте го плакарот, испробајте некое ново хоби или завршете ја книгата што стои на вашата полица со недели.

Запишете ги мантратите што ве приземјуваат

Малите потсетници кои ќе ви помогнат да се фокусирате и да се центрирате, можат да направат голема разлика. Затоа, ви предлагаме да напишете неколку мантри во кои верувате и да ги поставите на видливи места околу станот за да ве потсетат на фокусот.

Напиши коментар