Free zone

Пет нешта кои секоја девојка ја прават неодолива

Нежен глас
Момците се чувствителни на бојата на женскиот глас. Ако имате пискав или заводлив глас како Мерилин Монро, мажите ќе го забележат многу брзо.

Девојки со насмевка на лицето и солзи од среќа
Девојките кои често се расплакуваат не се особено привлечни за машкиот пол. Значи, вечерта помината со срцепарателни песни и филмови оставете ја за со пријателките. Кога сте со момчето, подобро е да „стиснете заби“ и да одгледате некој трилер или акционен филм.

Женски облини
Вашето момче сигурно нема да ви забележи или обвини за оние вишок килограми, од кои толку многу сакате да се ослободите, па во последно време баравте да го исклучи светлото пред жешките игри. Повеќето мажи претпочитаат жени со облини.

Црвена облека
Ако сакате машкиот пол да ве забележи, облечете црвен фустан. Имено, научно е докажано дека мажите покажуваат поголем сексуален интерес кај жена во црвен фустан отколку во фустан во која било друга боја.

Насмевка, насмевка и малку повеќе насмевка
Американските научници докажаа дека насмевката влијае позитивно на партнерот, односно на делот од неговиот мозок што е поврзан со наградување и пофалби. Освен тоа, смеењето е навистина лек – меѓу другото и за љубовта! Докажано е дека мажите повеќе ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги, наспроти оние кои се рамнодушни.

Напиши коментар