Celebrity

Пет правила од Кендал Џенер за оддржување на убавината

Младата манекенка Кендал Џенер призна дека не вежбала четири месеци и не само што не тренира редовно, туку и не секогаш се придржува до здравата исхрана.

„Ја сакам целата нездрава храна. Пица, пржено пилешко, сето тоа “, вели 20-годишната манекенка. А, кога станува збор за оддржување на убавината, таа нема посебни тајни. „Јас сум многу скромна и мрзелива кога станува збор за одржување на убавината. Нема ништо посебно во моите навики “.

Секогаш избриши ја шминката пред спиење
„Јас сум многу зафатена со миење на лицето, дури и пред да станам модел. Но, сега многу повеќе се грижам за тоа затоа што постојано носам многу шминка. Го мијам лицето најмалку два или три пати на ден“, вели Кендал.

Држи ги рацете подалеку од лицето
Уште еден трик за убавина што го научи од нејзините сестри? „Тие сакаа да не се здобијам со истите проблеми како тие кога беа на моја возраст, па затоа ме советуваа никогаш да не го допирам лицето, да стискам мозолчиња и да ставам крема за очи.“

Кафеава сенка за очи за природен изглед
Како заштитно лице на брендот Estee Lauder, таа исто така учествуваше во создавање палета на сенки за очи во кафеави нијанси. „Го обожавам природниот изглед што го постигнувам со кафеавата нијанса, затоа создадов сенки во тие тонови“

Измиј ја косата пред спиење за совршени локни
„Мојата коса е многу права и свилена. Така, заспивам со влажна коса навечер и наутро добивам неверојатна текстура. На тој начин, без многу напор, имам совршена фризура секој пат“, советува таа.

Пиј многу вода
„Внесувајте многу течности во текот на денот“, е најважниот совет за убавина што го нуди Кендал. „Ова е потребно за вашата кожа да биде секогаш хидрирана и свежа.

Напиши коментар