Пријателка од детството. Иако е љубезна и драга, а и од авионот се гледа дека нема претензии кон вашиот сакан, ве иритира кога двајцата ќе се сретнат и ќе започнат да раскажуваат смешни епизоди од своето детство. Вие всушност и завидувате на историјата и блискоста што ја има со вашето момче.
„Една од момчињата“ девојки. Сè уште не сте сигурни во што е поентата: дали таа всушност сака да биде момче без да знае дека сака или е тајно заљубена во вашето момче и се инфилтрира во неговиот машки тим, со кого редовно оди на фудбалски натпревари и пие пиво со нив во петок навечер. Вие сте љубоморни што таа има пристап до нивното дружење и разговори за кои не знаете ништо и на кои не сте поканети.
Поранешната девојка. Му глуми другарка, но инстинктот ви кажува дека сè уште е заљубена во него. Таа не е во можност да ве погледне во очи, а нејзините изливи на симпатии кон вас се на прагот на одвратноста.Повеќе од очигледно е дека глуми и дека се надева дека ако е доволно трпелива и упорна, повторно ќе заврши со него. Дополнително, на нерви ви оди и тоа што вашето момче тврди дека сте параноично и неразумно љубоморна. Дали е можно тој да е толку слеп?! Многу поверојатно е дека таквите работи едноставно му се допаѓаат на неговото его. И нејзиниот напор и вашата љубомора.
Колешка од работа / факултет. Кога ќе го слушнете нејзиното име, чувствувате непријатност во стомакот. Сè уште не сте ја запознале, но според неговата приказна таа е толку слатка, добра и допадлива што би сакале да ја запознаете. Секако, само за да проверите како изгледа и дали е потенцијална закана за вас.
Секси тинејџерка. Таа е градена како супермодел, шета секогаш во тесни фармерки и минијатурни маичка, а тој ја гледа со таква милина, што дури ве боли. Тврди дека ја смета за негова помлада сестра, затоа што е шест години постар од неа, но имате чувство дека оваа газела со руса коса и американска насмевка, може да му разбуди ловечки инстинкт.